Вардар ослабен на стартот од новата сезона: Милан Лазаревски паузира три месеци

Искусниот ракометар Милан Лазаревски кој е член на Вардар 1961 и на македонската репрезентација, ќе треба да паузира три месеци поради повреда на рамото. Тој имаше упсешна операција на десното рамо во Загреб, извршена од страна на д-р Никола Чичак, соопштија од вардаровиот тим.

Тоа значи дека Лазаревски нема да биде во комбинација на тимот на Иван Чупиќ за стартот на нова сезона, и ќе се врати на терените дури на крајот на ноември.

Оваа повреда го мачеше Лазаревски веќе извесен период, и беше решено да се изврши операција, и да биде максимално подготвен за идните предизвици на „црвено-црните“.

Се вчитува...