Вардар остана без уште еден клучен играч од изминатата натпреварувачка сезона, откако по голманот Мартин Томовски клубот го напушти и најдобриот ракометар на „црвено-црните“, Јапонецот Косуке Јасихура.
Извонредниот плејмејкер имаше низа фантастични настапи за Вардар по позајмицата од Висла Плоцк, но токму овие добри игри придонесоа сериозен интерес за него да покажат бројни клубови. Вардар не ја криеше желбата да го задржи, понуда испрати и македонскиот првак Е. Пелистер, но на крајот Јапонецот реши кариерата да ја продолжи во Кувајт, каде тимот на Бурган издвои богатство за да го доведе во своите редови.
„Ти благодарам Вардар за сите спомени“, порача Јасихура во својот последен пост на инстаграм-профилот, потврдувајќи го заминувањето од таборот на „црвено-црните“.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА