Вардар останува перфектен во Супер-лигата

Вардар забележа уште една победа во рамките од Супер-лигата, славејќи против Куманово со убедливи 37-21 за продолжување на триумфалната серија што трае уште од стартот на сезонава.

Очекувано, кумановци не беа дораснат ривал за актуелниот шампион. Домашниот тренер Владо Недановски повторно го ротираше тимот, шанса добија дел од помладите ракометари, но тоа воопшто не се одрази врз случувањата на теренот, каде „црвено-црните“ доминираа во однос на противникот. „Вардарци“ се одлепија уште во раната фаза од мечот, поведувајќи со 11-4, а доминацијата продолжи до крајот на полувемето, на одмор заминувајќи со убедливи 15 гола разлика (23-8). Шампионот покажа „милост“ во вторите 30 минути, во кои „црвено-црните“ само ја одржуваа убедливата прдност, на крајот славејќи со конечни „плус шеснаесет“.

Ален Ќосевски беше незапирлив за кумановци постигнувајќи 12 гола за Вардар, седум постигна Савревски, а пет Чувара. Во таборот на Куманово најефикасен беше Мрвовиќ со десет постигнати погодоци.

Се вчитува...