Вардар означи старт, се чекаат уште три звучни засилувања

Денеска 11ти јануари екипата на ФК Вардар официјално започнa со подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски на располагање го има ростерот од 25 фудбалери, а во тек се преговори за уште три значајни засилувања, соопштуваат од клубот на официјалната веб страница.

Подготовките ќе се одвиваат во два дела: Првиот во тренинг центарот на ФК Вардар до 16ти јануари, а од 18ти јануари фудбалерите на ФК Вардар ќе имаат тринеделни подготовки во Анталија, Турција, на кои ќе се одиграат шест пријателски натпревари.

Се вчитува...