Вардар пак има свој претставник во дрим-тимот на ЛШ

Вардар успеа да освои само еден од посакуваните два бода на гостувањето во Белорусија, и тоа пред се благодарение на Даинис Кристопанс. Летонскиот „џин“ ја презеде одговорноста во отсуство на Борозан и одигра одличен меч, а неговите осум гола во Мешков му овозможија и да биде дел од дрим-тимот за ова деветто коло од Лигата на шампионите.

На „црвено-црните“ дефинитивно ќе им бидат потребни уште неколку вакви партии на Кристопанс ако сакаат да стигнат до второто место во групата.

ДРИМ-ТИМ НА 9. КОЛО ОД ЛШ

Лево крило: Стефан Сигурмансон (Пик Сегед)

Лев бек: Жилберто Брито Дуарте (Барселона)

Среден бек: Аидерас Маласинскас (Мотор)

Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)

Десно крило: Валтер Кринц (Кристијанштад)

Пивот: Хенрик Тофт Ларсен (ПСЖ)

Голман: Роланд Миклер (Веспрем)

Се вчитува...