Вардар пак извиси – Николов избра да се врати во Романија

Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов кариерата ќе ја продолжи во Романија, каде во следните две сезони ќе ги брани боите на Фарул Констанца.

Искусниот 31-годишен играч за врска беше без клуб по истекот на договорот со Борац Бања Лука, раководството на Вардар се обиде да го доведе Николов во своите редови, но не успеа откако штипјанецот повторно ја избра Романија за своја дестинација во кариерата.

Николов кариерата ја почна во младинската екипа на Брегалница Штип, по што во 2010 година се пресели во Академија Хаџи, од каде како член на Виторул Констанца дебитираше во елитното романско фудбалско друштво. Во 2015 се пресели во Вардар и беше дел од генерацијата што оствари историски успех со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, по што ги бранеше и боите на Видеотон, Лече, Шериф, Кишварда и на Борац Бања Лука, тим со кој стига до 1/16 финалето на Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...