Вардар платил отштета за Чупиќ: Ова не е збогум Метковиќ, само довидување

Иван Чупиќ на својата промоција во Скопје не ја криеше гордоста што ќе стане нов тренер на Вардар, а легендарниот Хрват во меѓувреме во татковината со тага говореше за заминувањето од клупата на Метковиќ.

Само за потсетување, Чупиќ мина нецела година на чело на овој хрватски прволигаш, успеа да обезбеди опстанок и требаше да остане на кормилото и наредната сезона, но ситуацијата се промени откако стигна понудата од Вардар. Како што информира хрватскиот портал „24Sata.hr“, раководството на Вардар платило и отштета во висина од 30.000 евра за Хрватот да го напушти Метковиќ и да се врати назад во Скопје.

„Со тешко срце ја донесов одлуката повторно да си заминам од клубот. Метковиќ е мој дом, моја куќа, но некои работи во професионалниот живот се случуваат непланирано и до разделба дојде побрзо отколку што очекував. Благодарност до управата на шансата да бидам тренер минатата сезона, благодарност до тренерите во младинските категории од кои научив многу, и секако благодарност до моите играчи за професионализмот и посветеноста во работата. Ова не е збогум, туку само довидување“, порача Иван Чупиќ.

Се вчитува...