Вардар по пенали до четвртфинале во Купот на Македонија (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски тим Вардар се пласираше меѓу осумте најдобри откако во осминафиналето по изведување на пенали славеше против Скопје со 4-2. Како и во првото коло во кое се сретнаа со Победа, така и сега „црвено-црните“ мораа преку пенал рулетот да се радуваат на победа.

По деведесет минути натпреварот беше без голови 0-0, а во пеналите клучни беа првата и четвртата серија во која фудбалерите на тимот од Автокоманда успеаја да го промашат целиот гол на голманот Илиќ.

 

Се вчитува...