Вардар по симболична цена ги пушти билетите за четвртфиналето во СЕХА

Вардар 1961 веќе е со мислите кон четвртфиналниот натпревар во СЕХА лигата, меч кој на 23 август го игра против хрватски Нексе од Нашице. Станува збор за противник кој доаѓа во Скопје со високи амбиции, но целите на вардарци се пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Задар.

На осум дена пред натпреварот, Вардар ја започна официјалната продажба на билети за четвртфиналето во балканската конкуренција. Цените на картите се симболични, за страничните трибини ќе се наплаќа по 60 денари, додека за централните по 100. Најскапа варијанта се секторите најблизу до теренот, на кои еден билет чини по 150 денари. Вардар се надева дека со ваквиот потег ќе привлече поголемо внимание и ќе има поголема поддршка.

Во четвртфиналето на СЕХА се натпреварува и Еурофарм Пелистер, кој следниот четврток во „Боро Чурлевски“ ќе го дочека Мешков Брест.

 

 

Се вчитува...