Вардар веќе не е „хит“…Се послабо се исполнети трибините на двата ракометни клуба кои настапуваат во ЛШ и на фудбалскиот клуб, дури и кога игра во Лигата на Европа. Не помогнаа многу ниту гратисите што се делат по телевизиите и порталите, па сега „естаблишментот“ смисли нова промоција. Сите љубители на ракометот ќе добијат 20% попуст во ресторан Русија, игротека Бајка и кафе бар ТенисПарк, ако имаат билет за еден од мечевите на женскиот или машкиот ракометен тим.
„Попустот се однесува на целото мени на Ресторан Русија, Игротека Бајка и Кафе Бар ТенисПарк. Истиот ќе може да се искорити два часа пред натпреварот, за време на натпреварот и плус уште два часа по завршување на натпреварот.
За да може да се искористи попустот потребно е да се покаже билет за истиот натпревар (поединечен, сезонски или Вардар ПАС).
Денеска, петок 17 ноември од 19 часот се игра натпреварот од женската лига на шампионите меѓу Вардар и Турингер.
Утре, сабота 18 ноември од 17,30 часот е натпреварот од машката лига на шампионите меѓу Вардар и Рајн Некар“, се вели во информацијата објавена на сајтот на ЖРК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА