Двократниот европски шампион Вардар очекувано стигна до победа против домаќинот од (29-17) на меѓународниот ракометен турнир во Струга.
„Црвено-црните“ уште од самиот старт го контролираа резултатот па на полувреме заминаа со комотни 15-8. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечни 29-17.
За Вардар следува ден одмор, додека тимот на Струга во текот на утрешниот ден ќе ги одмери силите со шведскиот претставник Ескилстуна Гуиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

