Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија Вардар го совлада прволигашот Скопје со 3-1 во контролен натпревар кој се одигра на стадионот „Железарница“ во скопската населба Автокоманда.
Стрелци на погодоците за „црвено-црните“ беа Жоглев, Дошев и Десниќ. Вардар ќе има тешка задача во пролетниот дел да успее да се врати во елитата откако клубот повторно се наоѓа во големи финансиски проблеми и повторно нема пари за исплата на плати на фудбалерите.
Од друга страна Скопје го чека тешка битка во борбата за опстанок во ПМФЛ.
Контролна средба одиграа и Детонит Јуниор и Осогово, во кој Детонит славеше со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА