Ракометарите на Вардар отпатуваа за Германија, каде утре ќе излезат на мегдан против Рајн-Некар Левен во првото коло од Лигата на шампионите за 2019 година. Предизвикот за „црвено-црните“ е огромен, а тренерот Парондо згора на тоа се соочува со сериозен проблем поради отсуството на двајца клучни ракометари.
Пивотот Мораеш и „бомбардерот“ Вуко Борозан воопшто не се најдоа на списокот на патници за Германија, откако лекарскиот тим процени дека нивни настап против „лавовите“ од Манхајм би претставувал преголем ризик. И двајцата ракометари беа оперирани кон крајот на минатата година, веќе почнаа со тренинзи со остатокот од тимот, но Мораеш и Борозан сепак нема да бидат во можност да му помогнат на Вардар на утрешното тешко гостување.
Добра вест за „црвено-црните“ е што и домаќинот ќе биде значително ослабен со неиграњето на ветеранот Сигурдсон, кој се уште се нема опоравено од повредата поради која воопшто не настапи на СП 2019.
Победа на утрешниот натпревар (19 часот) би го зацврстила Вардар на второто место во групата. Првиот натпревар сезонава меѓу Вардар и Рајн-Некар Левен, одигран во Скопје, заврши со триумф на македонскиот првак од 29-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

