Вардар поради невреме го откажа мечот со Актобе, утре против Септември Софија

Планираната пријателска средба во Анталија која Вардар требаше да ја одигра против Актобе, е откажана поради силно невреме кое го зафати тој дел на Турција.

Затоа екипата веднаш закажа нов контролен дуел, и утре ќе ги одмери силите против бугарскиот прволигаш Септември Софија.

Тоа ќе биде прв пријателски натпревар на Вардар на подготовките во Турција. Мечот започнува во 15:30 часот.

Се вчитува...