Вардар, поради технички причини, во „Борис Трајковски“ ќе го пречека Охрид во дербито на Суперлигата

Дербито од второто коло во македонската ракометна Суперлига меѓу Вардар и Охрид ќе се одигра, поради технички причини, во СЦ „Борис Трајковски“, место во „Јане Сандански“, информираа од РК Вардар.

„Тимот напорно се подготвува за првиот домашен натпревар сезонава во рамки на Суперлигата, кој ќе го одиграме оваа сабота против ГРК Охрид! Ни следува важен натпревар против тежок противник кој најави присуство и на своите навивачи, но веруваме дека со борбена игра и со голема поддршка од трибините, на крај сепак ќе се радуваме на победата! Поради технички причини, натпреварот ќе се одигра во СЦ ‘Борис Трајковски’“ – порачаа од РК Вардар.

Натпреварот се игра во сабота (20 септември) од 18 часот. Билетите за натпреварот ќе изнесуваат 150 денари, а онлајн продажбата започнува утре во 12 часот!

Се вчитува...