Ракометарите на Вардар го освоија четвртото место на турнирот во Германија, откако во битката за 3. место загубија од Лајпциг со 27-26 (11-8).
По вчерашниот триумф над Фуксе Берлин, „вардарци“ сега загубија од Лајпциг во натпревар во кој Германците доминираат во поголемиот дел. По израмнетиот старт и играта гол за гол, во финишот од првото полувреме ракометарите на Лајпциг заиграа посигурно во одбраната, наспроти грешките на ракометарите на македонскиот тим, па на полувреме се замина со предност на германскиот тим од 11-8.
Клучната предност за победа на натпреварот Германците ја направија во првите пет минути од вториот дел кога стигнаа до предност и од шест гола разлика (16-10).
До крајот само рутински ја одржуваа предноста за конечна победа. На четири минути пред крајот „црвено-црните“ стигнаа до негатива од само еден гол (26-25) но тоа беше се што можеа да направат избраниците на Гарсија Парондо кои не стигнаа до пресврт. Потоа во игра гол за гол Лајпциг на крајот заокружи за конечен триумф од 27-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА