Вардар поразен на тестот од австралиски Престон Лајонс

Вардар загуби денеска на теренот на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје на пријателскиот натпревар со македонскиот клуб од Австралија, Престон Лајонс.

„Црвено-црните“ загубија со 2-4 во мечот во кој гостите први поведоа, но потоа Едис Спахиу израмни на 1-1. Во второто полувреме Престон имаше предност од 1-3, но Спахиу со својот втор гол намали на 2-3, за да на крај гостите заокружат на 2-4.

Престон Лајонс во рамките на посетата на Македонија ќе одигра уште еден пријателски натпревар, четврток против Пелистер во Битола.

Се вчитува...