Вардар поразен од Воска Спорт во најважниот меч есенва, големи победи за Брера и Гостивар (ВИДЕО)

Вардар го загуби клучниот натпревар есенва не успевајќи да победи против Воска Спорт играат во дербито на дното од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. „Вардарци“ загубија со 1-2 во директната пресметката со еден од тимовите во битката за опстанок, значително отежнувајќи си ја битката за останување во елитното друштво.

А, тешка битка за опстанок ја очекува и Брегалница по поразот од 1-0 на гостувањето против Гостивар. АП Брера, пак, дојде до голем трумф од 2-1 против шампионот Струга ТЛ.

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари гостите рано дојдоа до предност од 0-1 со голот на Јашаровски уште во 4. минута од натпреварот. Но, „вардарци“ брзо израмнија преку Папули во 14. минута.

Во второто полувреме, Воска Спорт победата од 1-2 ја обезбеди со вториот гол на Јашароски во 75. минута од средбата.

На дуелот кој се одигра во Голема Речица, Гостивар ја победи Брегалница со 1-0. Домашните до триумфот дојдоа во 13. минута со евро-голот на Атиемвен. Офанзивецот на Гостивар извонредно прими една топка на 25 метри и испрати вистинска „бомба“ под гредата од голот на Давков за водство од 1-0.

И АП Брера дојде до голема победа во Струмица славејќи со 2-1 против шампионот Струга ТЛ.

Струмичани до водство дојдоа уште во 8. минута со голот на Рибаудо.

Во првата минута од судиското продолжение, Брера зголеми и на 2-0 со голот на Јанкулов.

Во второто полувреме, Струга ТЛ успеа само да го ублажи поразот со голот на Незири во 71. минута.

Натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Тиквеш се уште се игра затоа што, кавадарчани доцнеа на дуелот поради дефект на нивниот автобус.

Шкендија веќе има водство по 75 минути игра од 1-0 со голот на Бруно Дита во 15. минута од натпреварот.

ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-2
Папули 14′ – Јашароски 4′, 75′
Речица: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Атиемвен 13′
Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ 2-1
Рибаудо 8′, Јанкулов 45’+1 – Незири 71′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
Дита 15′
УТРЕ (13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...