Лидерот на македонскиот елитен шампионат Вардар претрпе убедлив пораз во првиот подготвителен натпревар за вториот дел од сезоната во Анталија.
Подобри од „црно-белите“ беа фудбалерите на чешки Јаблонец кои славеа со 6-2.
Во следниот период вардарци силите ќе си ги одмерат уште со Андијон од Узбекистан (20.01), Мотор Лубин од Полска (23.01), Динамо Махачкала од Русија (26.01), Акхмат од Русија (29.01) и Алашкерт од Ерменија на последниот натпревар во Турција закажан за 02.02.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

