Вардар посилен за капитенот на реваншот со Лозана

Вардар ќе биде значително засилен за претстојниот реванш од квалификациите за Конференциската лига против Лозана, откако капитенот Горан Закариќ му се врати на располагање на стручниот штаб.

Предводникот на „црвено-црните“ заработи незгодна повреда на реваншот од првото коло против Ла Фиорита, поради што не беше во комбинација за дуелот со Лозана во Скопје. Сепак, Закариќ без проблеми ги издржа сите напори на денешниот тренинг, по што веќе нема дилема дека капитенот ќе го предводи Вардар на дуелот во Лозана.

„Црвено-црните“ имаат предност од 2-1 од првиот натпревар, утре патуваат за Швајцарија, а мечот во Лозана е закажан за четврток со почеток во 20.15 часот.

Се вчитува...