Подготвувајќи се за новата сезона и настапите во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА, Вардар потпиша четиригодишен професионален договор со 20-годишниот досегашен голман на Тетекс, Или Зибери.
Потекнува од екипата на Вардар Форино, настапуваше потоа и за младинските екипи на ФК Шкендија, а последната година успешно настапуваше за ФК Тетекс.
Досега има и настапи за младинските репрезентации на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

