Раководството на Вардар ги користи првите денови од новата календарска година за продолжување на соработката со дел од клучните играчи од првиот дел од оваа натпреварувачка сезона.
Така, по вчерашниот потпис со Кастањеда, „вардарци“ денеска се пофалија дека е продолжена соработката и со Михаил Маневски, кој со новиот договор ќе остане во Вардар најмалку до јули 2028 година.
„Извршниот директор на ФК Вардар АД го продолжи договорот со одличниот лев бочен фудбалер Михаил Маневски, кој се обврза на верност кон клубот до јули 2028-ма година“, објави Вардар на официјалната веб-станица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

