Вардар го донесе своето прво засилување за клучниот дел од сезонава потпишувајќи договор со Васко Шеваљевиќ, искусен 32-годишен ракометар кој потпиша договор на 18 месеци со „црвено-црните“. Шеваљевиќ, кој настапува на позицијата лев бек, доаѓа од редовите на францускиот клуб Истр. Тој утре ќе пристигне во Скопје и ќе се приклучи на тренинзите на тимот.
Црногорецот нема да биде во составот за средбата со Војводина што се игра утре попладне во 17,45 часот, но ќе конкурира кај тренерот Алушовски за следните дуели, па и оној со Нексе на 1 февруари во Скопје.
Шеваљевиќ потекнува од Ловќен, а во кариерата има играно и за екипите на Сан Антонио (Шпанија), Динамо Минск (Белорусија), Хановер (Германија), Тулуз (Франција), Трембле (Франција) и во последните две години во Истр (Франција). Стандарден репрезентативец на Црна Гора и капитен на последното ЕП во Австрија. Зад себе има настапи на последните четири европски првенства во сениорска конкуренција за Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА