Вардар потврди: И „Комити“ патуваат на вечното дерби во Битола

Македонското вечно ракометно дерби помеѓу Е. Пелистер и Вардар кое ќе биде одиграно во среда со почеток од 18 часот ќе биде збогатено со присуството на двете навивачи групи во салата „Боро Чурлевски“.

Оваа информација ја потврди скопскот состав на социјални мрежи барајќи и повеќе од потребна поддршка од своите навивачи во Битола.

„Македонското ракометно дерби во среда ќе биде збогатено со присуство на нашите навивачи за кои ќе биде обезбеден сектор во салата ,,Боро Чурлевски” во Битола.

Вашата поддршка ќе значи многу за тимот кој со голема желба го исчекува почетокот на натпреварот, кој е закажан за во 18:00ч,
кога на теренот ќе истрчаат ракометарите на Вардар, подготвени да го дадат својот максимум за нова победа!

Ве покануваме да уживаме во ракометната игра и во фер и коректна атмосфера да ги бодриме црвено-црните!“, стои во објавата на РК Вардар.

Се вчитува...