Филип Талески и дефинитивно од следната сезона повторно ќе го облече дресот на Вардар откако левиот бек ја прифати понудата на „црвено-црните“ за камбек во Скопје по истекот на договорот со Бенфика.
Вардар и официјално го потврди враќањето на поранешниот македонски репрезентативец, кој до пред две сезони воедно беше и клучен играч во таборот на „црвено-црните“, објавувајќи видео-компилација од неговите најубави голови во дресот на Вардар.
„ Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ ФИЛИП ТАЛЕСКИ во дресот на Вардар. ![]()
Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. Добредојде Филип!“, објави РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

