Вардар ја доби градската пресметка против Работнички со 0-2 и ја продолжува потерата по лидерот Шкендија. Тимот на Ќатип Османи исто така славеше со 0-2 на гости против Силекс.
Ренова ја совлада Беласица со 3-1 во дуелот на двајцата поранешни селектори Никола Илиевски – Џиџи и Ѓоко Хаџиевски, а Шкупи ремизираше без голови на Чаир против Македонија ЃП.

Работнички го доживеа третиот последовен пораз, и тоа од градскиот ривал Вардар. Матеј Цветановски во шестата минута ги доведе „црвено-црните“ во водство по проигрувањето од Владица Брдаровски. Во вториот дел, Хуан Фелипе во 55.минута со удар од 20 метри по вторпат ја затресе мрежата на „романтичарите“.

Чарлс Гофри во 69.минута ја погоди гредата од голот на Вардар, а одлична шанса не реализираше и Баже Илијоски. Бодовите му припаднаа на најтрофејниот македонски клуб.
Шкендија покажа квалитет во Кратово и славеше со 0-2. Филип Миленковски во 25.минута си постигна автогол за водство на тетовци, а Агим Ибраими во 66.минута зголеми на 0-2. Висар Муслиу беше стрелец на третиот гол во 87.минута.
Ренова го доби дуелот со Беласица со 3-2, а Никола Илиевски Џиџи го надмудри Ѓоко Хаџиевски. Бојан Миовски во осмата минута го отвори резултатит, а Емран Рамадани во 21.минута зголеми на 2-0. Струмичани намалија преку Мартин Мирчевски десет минути подоцна, но Мухамед Усеини во 75.минута со прекрасен гол од 30 метри ги разреши дилемите околу победникот. Душан Савиќ во 90.минута само го постави конечниот резултат.
Македонија ЃП го изненади Шкупи (0-1), со голот на Боби Божиновски во 87.минута, а мечот меѓу Победа и Академија Пандев ќе се одигра на 1 мај.
ПРВА ЛИГА, 24. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0-3
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА 3-2
ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (ОДЛОЖЕНО)
Табела: Шкендија 53, Вардар 45, Академија Пандев 42 (-1), Ренова 33, Шкупи 33, Работнички 31, Македонија ЃП 29, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18 (-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

