Вардар поведе дисциплинска постапка против двајца свои фудбалери

Вардар поведе дисциплинска постапка против двајца фудбалери од првиот тим поради кршење на дисциплинскиот статут на клубот. Двајцата фудбалери, кои го прекршиле дисциплинскиот правилник пред натпреварот против Охрид, се казнети со одземање на три месечни плати, и во следните две недели ќе тренираат со младинските категории.

„Фудбалскиот клуб Вардар сака да ја информира јавноста дека е поведена дисциплинска постапка против двајца фудбалери од првиот тим поради прекршување на дисциплнискиот статут на клубот пред последниот одигран натпревар на гостувањето во Охрид. Фудбалерите се парично казнети со 3 месечни плати и во следните 15 денови ќе тренираат со младинските категории“, се вели во соопштението на ФК Вардар.

Се вчитува...