Актуелниот европски, регионален и македонски шампион Вардар има негатива од три гола на полувреме против Загреб во вториот полуфинален натпревар од Ф4 турнирот во СЕХА лигата кој се игра во Задар.
Истите проблеми како и во подготвителниот период и реваншот со Нексе, Вардар ги има и на овој натпревар. Слабата игра во одбраната и лошата реализација во нападот во кој седум минути беа без постигнат гол, се клучот за негативата на „црвено-црните“ на полувреме. Борко Ристовски слабо го почна натпреварот и за 20. минути на теренот запиша само две интервенции, по кои беше заменет од Кантрегел кој до крајот на првиот дел стигна до бројката од три.
Дисингер со четири гола е најефикасен кај вардарци, додека Анте Гаџа постигна три погодоци. Кај Загреб, Мандиќ постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА