Вардар повторно ќе бара тренер: Горан Петрески поднесе оставка

Вардар по само две кола одново ќе бара тренер. Горан Петрески заедно со стручниот штаб денеска поднесоа неотповикливи оставки од функциите.

Петрески беше тренер на Вардар на само два меча, против Шкупи и против Воска, а после вчерашниот пораз од Воска, ја презедоа одговорноста и поднесоа оставки. Сега Вардар ќе мора да бара нов тренер.

“Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати”, вели Петрески.

Се вчитува...