Вардар пред вистински европски тест – Лозана како мерка за „црвено-црниот“ квалитет!

Најтрофејниот македонски клуб вечерва од 20:30 часот против швајцарска Лозана во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА го очекува првиот вистински европски тест ова лето на сопствениот квалитет.

„Црвено-црните“ по успешно минатата пречка во првото коло сега, дополнително мотивирани, носени и од желбата за што подолго европско лето пред вистински предизвик против Лозана како начин на докажување

Избраниците на  Гоце Седлоски, низ максимално позитивна атмосфера, веруваат дека може да се надигруваат со Швајцарците, па низ 180 минути, да се изборат за пласман во следната рунда натпревари.

„Против себе имаме навистина добар противник. Мораме да бидеме свесни дека не очекува тежок меч во овие први 90 минути во Скопје. Швајцарскиот фудбал напредува и имаат силна лига. Имаме респект, но треба да излеземе, да покажеме карактер. Се зависи како противникот ќе ни дозволи да играме. Се надевам дека нашите момци кои ќе излезат на теренот ќе го дадам максимумот и ќе имаме добар резултат пред реваншот кој е во Лозана за седум дена. Не сакам да кажувам со кој резултат ќе бидам задоволен, бидејќи има уште 90 минути кои ќе се играат во Лозана. Ова е само прво полувреме од двомечот“ – истакна стратегот на „вардарци“, Гоце Седлоски, пред денешната пресметка.

Вардар се соочува и со мали проблеми пред денешниот дуел. Веќе е познато дека Талески и Сековски нема да бидат во комбинација, а се уште е неизвесно дали и капитенот Закариќ ќе може да им помогне на соиграчите.

Се вчитува...