Вардар е премоќен и за белградски Партизан триумфирајќи со 32-25 (18-13) на вториот натпревар на интернационалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Избраниците на тренерот Владо Недановски одиграа квалитетен меч од самиот почеток диктирајќи го ритамот. Брзо по стартот „вардарци“ поведоа со 11-4 а потоа предноста ја одржуваа во текот на целиот натпревар.
Шанса добија буквално сите ракометари во составот, но и во една таква ситуација Вардар не дозволи изненадување. Партизан во второто полувреме најмногу се доближи на четири гола разлика, но без сили за пресврт.
Вардар по двете воведни кола во групата има четири бода и во следното коло ќе се соочи со екипата на Целје.
Претходно денес на турнирот Олимпијакос беше подобар од Динамо Панчево со 28-27, а вечерва од 21 часот домаќинот Охрид игра со Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА