Вардар пресилен за Металург на стартот од СЕХА лигата

Вардар славеше против Металург со 23-32  во македонското дерби на стартот од регионалната СЕХА лига. Вардарци на овој прв официјалеен натпревар во новата сезона, настапија ослабени без повредените Лука Циндриќ и Рожерио Мораеш, но тоа не беше голема пречка за актуелниот европски шампион да доминира на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ и  без поголеми проблеми да ги запише првите бодови новата сезона.

IMG_5383

Металург со шест нови играчи во составот во однос на лани, тргна агресивно во дуелот со градскиот рувал. Со погодокот на капитенот Филип Кузмановски , „металурзи“ дојдоа до стартното водство, но „црвено-црните“ брзо влегоа во ритам и  воспоставија целосна контрола на играта и на резултатот. Металург се мачеше во нападот, а Вардар брзо ја казнуваше секоја грешка. Трите гола во серија им донесоа предност на „црвено-црните“ со 3-6, а Лино Червар го натераа да го искористи првиот тајм-аут. Но, мотивацијата од клупата не го даде посакуваниот резултат кај „металурзи“ кои и понатаму тешко доаѓаа до реализација. А, вардарци во меѓувреме постигнаа уште два гола и  со вкупната серија од 5-0 се одлепи на 3-8 на средината од првото полувреме. Лошата серија на Металург кој седум минути беше без погодок,  конечено ја прекина последното засилување што простигна во Автокоманда, хрватскиот бек, Халил Јагањац намалувајќи на 4-8.  Но, „домаќините“ во овој дел од мечот беа далеку од нивото на вардарци кои доминираа на теренот, лесно поентираа, поведоа со 4-10,  а потоа рутински ја одржуваа предноста и го завршија првото полувреме со предност од 11-16.

IMG_5444

Давата погодоци и две врзани одбрано на Дарко Арсиќ за кратко ја вратија самодовербата во редовите на Металург на стартот од второто полувреме. Но, идентично како и во првото полувреме, Вардар потоа влезе во ритам, постигна три гола во серија и дојде на +6 (13-19). Следуваше период со многу грешки на двете страни, во кој домачините подобро се снајдоа и повторно намалија на три гола  разлика. Младиот Мартин Серафимов го постигна својот првенец од седум метри,  а Стефан Дрогришки потоа погоди за 18-21 на стартот од последнаат четвртина. Но, веднаш потоа, Дрогришки направи груб фаул во обид да го сопре Игрор Карачиќ и заработе директен црвен картон. Вардарци максимално ја искористија предноста со играч повеќе на терен и два пати поентираа на празниот гол на Металург, прво прецизен од далечина беше Илија Абутовиќ, а потоа и голманот Срахиња Милиќ. Серијата од 3-0 ја заокружи Хорхе Македа зголемувајќи ја предноста на Вардар на 18-25 на девет минути пред крај.

IMG_5683

Во последните  6-7 минути од натпреварот кога победникот беше веќе решен, Лино Червар им даде шанса на најмладите играчи во составот. На спротиванта страна, Раул Гонзалес  му ја даде довербата на Даниел Ѓорѓевски кој успешно го замени Милиќ на голот на „црвено-црните“ запишувајќи четири одбрани во последните десетина минути од натпреварот. Во последниот напад на десетина секунди пред крај, Македа погоди за двоцифрена предност на Варадр со 22-32, а Божо Ангелиќ ги постави конечните 23-32.

Најефикасни во првата победа на Вардар во новата сезона беа Тимур Дибиров со пет и Хорхе Македа и Вуко Борозан со по четири гола. Кај Металург најпрецизен беше Жарко Пешевски со максимални пет од пет.

Во следното коло во СЕХА лигата, Вардар на 5 септември го пречекува Горење, а Металург на 6 септември му гостува на Динамо Панчево.

Се вчитува...