Вардар пресилен за Работнички, следи реприза од ланското финале (фотогалерија)

Финалето од Купот на Македонија во женска конкуреција ќе биде реприза од ланското издание, Вардар за противник ќе го има тимот на Бадел. „Црвено-црните“ одиграа како што му доликува на бранителот на трофејот, па во денешното полуфинале лесно и убедливо славеа над Работнички со резултат 73-48.

Мечот беше решен уште во првото полувреме што „вардарки“ го добија со 45-18, за потоа рутински да ја одржуваат убедливата предност. Без повредената Муса, кошаркарите на Работнички не беа во можност да му се спротивстават посериозно на фаворитот, кого утре го очекува ново интересно финале против градскиот ривал Бадел.

 

Се вчитува...