Вардар ќе игра против Академија Пандев, додека Работнички со Милано во двата полуфинални дуели во младинскиот Куп на Македонија.
Денешната ждрепка во ФФМ одлучи „вардарци“ да се соочат со Академија Пандев. Првите натпревари се играат на 26. април, а реваншите се на 4. мај.
Вардар и Академија Пандев ќе играат во полуфиналето во кадетска конкуренција, а втората полуфинална пресметка Работнички ќе се сретне со Беласица.
Во пионерската конкуренција полуфиналните двојки се Вардар – Победа и Гостивар – Работнички, додека во категоријата – помлади пионери, Шкупи – Металург и Њу Старс – Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА