Вардар против Мелсунген ја брка една од двете победи за пласман во нокаут фазата во Лига Европа

Натпреварите од Лигата на Европа за Вардар продолжуваат со предизвикот наречен Мелсунген. Меч кој ќе биде одигран вечерва со почеток од 20.45 во СЦ „Јане Сандански“.

Пред силниот предизвик со германскиот бундеслигаш за медиумите говореше тренерот Иван Чупиќ. Хрватскиот стратег очекува пеколна атмосфера и максимална борба за победа.

„По воведниот пораз од Бенфика знаевме дека е пред нас е многу важен меч. Ќе се подготвуваме за Мелсунген. Сите знаеме дека се работи за многу добра екипа со многу добар тренер кој сите добро го знаете. Наша цел е со две победи дома ќе обезбедиме место во осминафиналето. Одиме чекор по чекор за да се реализира тоа мора да дадеме се од себе на утрешниот меч. Се надевам дека по тешката недела позади нас и поразот од недела завршивме со победа против Алкалоид. И се надевам дека утре ќе го наполниме „Јане Сандански“ и со убава атмосфера ќе стигнеме до победа“, изјави Чупиќ.

За медиумите говореше и Јака Малус кој и самиот побара голема поддршка од публиката и преполн „Јане Сандански“ за пеколна атмосфера.

„Сите знаеме каков квалитет има Мелсунген, но мислам дека по мечот со Алкалоид покажавме карактер и дека после еден пораз можеме да играме. Мораме да одиме на победа и заслужуваме да имаме полна сала бидејќи со добра атмосфера нас ќе ни биде многу полесно бидејќи во Германија не знаат за ваква атмосфера. Се надевам дека со помош на публиката ќе стигнеме до победа“, изјави словенечкиот ракометар.

Мора да се напомене дека бундеслигашот предводен од Гарсија Парондо во Скопје доаѓа со комбиниран тим, па тоа треба да биде шанса за прва победа на нашиот тим во главната фаза од ова натпреварување. Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за 20.45 часот.

Се вчитува...