Двократниот европски шампион Вардар денеска на домашен терен против германски Мелсунген ќе го заокружи својот настап за оваа сезона во Лигата на Европа. За жал „црвено-црните“ немаат ни теоретски шанси за пласман во втората фаза во ова натпреварување, откако на пет меча досега забележаа само една победа.
Свое враќање на местото на злосторството ќе има Гарсија Парондо кој својот најголем успех во тренерската кариера го имаше токму со Вардар со кој стана европски шампион во 2019 година.
Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за вечерва од 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА