Вардар против Монпелје во полуфиналето на Ф4 во Келн

Одбраната на титулата на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, Вардар ќе ја почне против Монпелје  , беше одлучено со денешната ждрепка што се одржа во хотелот „Радисон Блу“ во Келн, со која беа одредени полуфиналните двојки на завршницата на ЛШ. Во второто полуфинале ќе играат другите два француски претставници на Ф4, Нант и ПСЖ. Што теоретски отвора шанса годинава да има реприза од ланското финале во Келн меѓу Вардар и ПСЖ/

За македонскиот и актуелен европски шампион ова е втор последователен настап на Ф4 турнирот од ЛШ во Келн. Вардар е пред историска шанса да стане првиот тим што успеал да ја одбрани титулата откако е воведен Ф4 форматот во завршницата на Лигата на шампионите.

По трет пат на завршниот турнир во ЛШ ќе игра тимот на ПСЖ кој лани беше поразен од Вардар во финалето (24-23). Монпелје и Нант се дебитанти на Ф4 турнирот во Келн. Македонскиот капитен Кире Лазаров, со Нант го бележи шестиот настап на Ф4 турнирот со четири различни тимови (Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант)

Ф4 турнирот од ЛШ во Келн ќе се одигра на 26 и 27 мај  во „Ланксес Арена“. На 26 мај на програмата се двата полуфинални натпревари,  а на 27 мај е мечот за 3.место и финалето.

Се вчитува...