Вардар против Новаци брка пласман во 1/4 финалето на Купот

Освојувачот на трофејот Купот, Вардар денеска против Новаци брка пласман во 1/4 финалето на Купот. На хартија задачата на „црвено-црните“ не би требало да биде тешка, и се главни фаворити за пласман во следната фаза.

Мечот се игра во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Претходно место во ТОП 8 обезбедија Силекс, Работнички, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, Охрид, и Струга ТЛ. Осмиот патник во 1/4 финалето ќе биде познат по одигрување на натпреварот Шкендија – Тиквеш, кој е одложен поради обврските на тетовскиот тим во Лигата на конференции.

Се вчитува...