Вардар против „пандевци“, Работнички со Струга ТЛ во осминафиналето од Купот на Македонија

Академија Пандев ќе биде домаќин на Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија, додека Шкендија во Тетово ќе го пречека Гостивар, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Од останатите дуели интересно ќе биде и во Струга, каде Струга ТЛ ќе го пречека Работнички, како и во Штип во пресметката меѓу Брегалница и Беласица. Прволигашки дуел ќе има и меѓу Ренова и Пелистер во Тетово.

Натпреварите од осминафиналето во Купот на Македонија се играат на 21. октомври. Поради пандемијата на коронавирусот ќе се игра само еден натпревар по што ќе биде познат патникот во четвртфиналето од најмасовното домашно клупско натпреварување.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ

Академија Пандев – Вардар

Македонија ЃП – Каменица Саса

Шкендија – Гостивар

Шкупи – Кит Го

Кожуф – Силекс

Струга ТЛ – Работнички

Брегалница – Беласица

Ренова – Пелистер

  • Натпреварите се играат на 21. октомври

Се вчитува...