Вардар и ППД Загреб ќе се борат за титулата во финалето на Ф4 турнирот во регионалната СЕХА Гаспром лига. Хрватскиот шампион во второто полуфинале денеска славеше против Целје Пивоварна Лашко со 29-28 и во недела оди на мегдан со шампионот, во реприза на скопското финале во СЕХА од пред пет години. Вардар и Загреб играа во финалето на СЕХА и на претходниот Ф4 турнир на кој домаќин беше Скопје во 2о13 година. Тогаш хрватскиот првак славеше победа и ја освои досега прават и досега единствената титула во СЕХА лигата.
Вардарци веќе најавија дека годинава нема да дозволат да им се повтори истото сценарио и дека се подготвени овој пат да ја одбранат титулата пред својата публика што би била рекордна четврта за „црвено – црните“. Дека се максимално подготвени да го сочуваат пехарот во Скопје потврдија и со убедливиот триумф во полуфиналето против Мешков Брест (33-24).
Во второто полуфинале, ППД Загреб влезе сигурно против дебитанот на Ф4 , Целје Пивоварна Лашко и во текот на целиот натпревар беше во позитива. Почетното водство од 4-1 беше само најава дека избраниците на Златан Сарачевиќ искуството ќе го валоризираат со уште едно финале во СЕХА лигата, иако во финишот Целје ПЛ сериозно се закани да направи изненадувањее.
На полувремето храватскиот шампион имаше водство од 14-11, а позитивата ја задржа и во вториот дел. Словенечкиот тим го зголеми притисокот намалувајќи на 27-25 на три минути пред крај, а потоа и на гол разлика 28-27 во завршнаата минута. Но, Домагој Павловиќ беше прецизен и ја потврди победата на ППД Загреб за финале.
Домагој Павловиќ постигнаа по седум, а Златко Хорват додаде пет гола за ППД Загреб. Кај Целје ПЛ најефикасен беше Борут Мачковшек со шест погодоци.
Завршните натпревари на Ф4 турнирот во Скопје, ќе се одиграат во недела. Мечот за 3.место меѓу Целје ПЛ и Мешков Брест е со почеток во 17.45 часот, а финалето Вардар – ППД Загреб во терминот од 20.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА