Двократниот европски шампион Вардар вечерва во последиот домашен меч од групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ ќе го пречека составот на Тулуз, дуел на се очекува ново добро издание и победа на „црвено-црните“.
Тулуз е ривал што Вардар веќе го доби во Франција, дуелот нема преголемо резултатско значење ако се знае дека Вардар секако ќе биде прв во групата, а гостите се без шанси за следната фаза, но тренерот Иван Чупиќ јасно стави до знаење дека нема да дозволи опуштање.
„Добра недела е зади нас две важни победи, во Лигата наЕвропа и во Суперлигата во дербито во Охрид. Доаѓа Тулуз што реално нема никакво значење ни за нас ни за нив, но играме дома и добро сме подготвени. Сакаме да останеме непоразени во нашата сала и се надевам на полна сала. Тоа е мотив за секој наш меч. Моите играчи се 300 отсто вложени на секој меч, како тренер и како играч на Вардар нема натпревар кој не е важен“, изјави Чупиќ.
Марио Стојановски, како и Чупиќ верува во добра игра и нова европска победа на Вардар.
„Добро го анализиравме Тулуз и треба добро да ги спроведеме тоа. Се надевам дека ќе стигнеме до нова победа“, изјави Стојановски.
Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

