Oткако „црвено-црните“ загубија од Нексе на првиот меч од СЕХА-лигата, Вардар против Војводина ќе оди по прв триумф годинава во регионалното натпреварување.
„Вардарци“ на домашен терен не ја оправдаа фаворитската улога, па сега се наоѓаат пред нов предизвик. Во пресрет на мечот, Дарко Ѓукиќ изјави дека неговиот тим го очекува тежок и неизвесен натпревар.
„Очекуваме тежок натпревар, нема да биде нималку лесно. Војводина игра дома, но ние одиме на победа и мора да го добиеме овој натпревар. Тие се во ист состав како и лани, најмногу им зависи играта од Прибак и Николиќ. Одиме по два бода, не смееме да губиме лесно топки, да играме добра одбрана, подобар напад отколку со Нексе, тоа се некои наши цели, па ќе видиме што ќе реализираме од тоа утре”, изјави Ѓукиќ.
Натпреварот меѓу Војводина и Вардар е со почеток во 17.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА