Вардар против Војводина се враќа во натпреварувачки ритам

Против Војводина во гости(17.15 ч), ракометниот шампион на Македонија и бранител на трофејот во СЕХА лигата, Вардар денеска официјално натпреварувачки ја отвора 2019 и влегува во продолжението од регионалното натпреварување. Пресметката против српскиот состав е прва од петте завршни од регуларниот дел на сезоната. Вардар во него влегува како еден од трите тимови со по 33 бода на врвот од табелата со тоа што македонскиот првак и Загреб имаат по 11 победи и два порази додека Нексе има одиграно натпревар повеќе и има неуспех повеќе.

„Ова е нашиот прв натпревар по паузата од Светското првенство. Сигурно е дека ќе биде тешко, бидејќи ние не трениравме заедно долго време. Мојот план е повеќе да ги користам оние кои не играаа на СП, но исто така сакам сите да добијат шанса да играат. Во моментов не сме сигурни, ќе видиме после последните тренинзи како ќе изгледа тимот. Секогаш кога ќе играме, треба да играме добро и што е можно поскоро, треба да се подготвиме за СЕХА-лигата и за Лигата на шампионите“ – вели во пресрет на натпреварот, предв одникот на Вардар, Роберто Парондо.

И Парондо и најголем дел од ракоемтарите на Вардар имаа обврси во националните тимови на Светското првенство во Германија и во Данска. Поради настапот за Хрватска екстра денови добил Игор Карачиќ кој не отпатува со екипата за Нови Сад. Вуко Борозан, Сергеј Горбок, Калифа Гедбан и Рожерио Мораеш работат според посебна програма као дел од рехабилитацискиот процес.

„По СП сите тимови имаат проблеми со враќањето во форма. За нас е многу важно да победиме на овој натпревар, а квалитетот на игра е на второ место. Многу од играчите кои играат за своите национални тимови се уморни, некои се повредени, и од таа гледна точка, Војводина ја има предонста поради времето за подготвки. Но, без оглед на сè, ние сме Вардар и одиме до победа во секој натпревар, без оглед на противникот”– изјави Тимур Дибиров.

Во Лигата на шампионите Вардар продолжува на 6. февруари кога му гостува на Рајн Некар Левен. Продолжението од елитното натпреварување црвено-црните го очекуваат од втората позиција на табелата, зад Барселона.

 

 

Се вчитува...