Ракометарите на Вардар денеска на гостински терен ќе играат со Војводина во натпревар од 6. коло во регионалната СЕХА лига. Тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски поради ЕХФ неделата нема да смета на голем дел од првотимците, но и покрај тоа тој вели дека Вардар на секој меч оди на победа.
„Црвено-црните“ имаат сопствена математика, бидејќи со триумф денеска ќе се налета на Веспрем во четвртфиналето, додека со пораз за ривал ќе го добие Загреб, тим што реално може да го победи.
„Пролетва е навистина напорен период за нас, имаме постојано натпревари, па овој одложен меч со Војводина треба побрзо да го одиграме за да можеме да го правиме следниот распоред. Ова беше единствен слободен термин, и поради ЕХФ неделата нема да имаме повеќемина репрезентативци кои се со своите национални тимови. Но, и покрај тоа за Нови Сад заминуваме со ракометари кои секако можат и ќе одиграат најдобро. Знаме дека Војводина сигурно ќе игра на максимум, но и ние сме подготвени за она што не очекува. Ова ќе биде и шанса шестмина наши кадети да почуствуваат што значи СЕХА лига. Тие веќе неколку денови тренираат со нас и ќе бидат подготвени за нивното деби“, вели Алушовски.
Натпреварот меѓу Војводина и Вардар ќе се одигра денеска од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА