Вардар прв до билет за фајналфор во Купот на Македонија

Вардар е првиот учесник на фајналфор турнирот од Купот на Македонија откако „црвено-црните“ излегоа како победници на турнирот што се играше во Битола, каде организатор беше Е. Пелистер 2. Откако во четвртокот славеа на големото дерби со првиот тим на Пелистер, „црвено-црните“ денеска забележаа две нови победи, за вкупно три триумфи во „градот на конзулите“ во изминатите три дена.

Вардар во полуфиналето беше подобар од екипата на Бутел со резултат 33-30, а во финалето скопските „црвено-црни“ се сретнаа со вториот тим на Е. Пелистер. Очекувано, фаворитската улога беше оправдана и скопскиот клуб со победа од 28-25  го чекираше својот билет за Ф4.

Целата работа беше завршена уште во првото полувреме што „вардарци“ го добија со 18-9, младите битолчани во вториот дел ја намалија големата негатива, но немаа сили да ги замрсат сметките на фаворитот.

Пинто со девет и Срдановиќ со шест погодоци беа најефикасни во таборот на Вардар, додека кај Е. Пелистер 2 најистакнати беа младинските репрезентативци Белистојановски со шест и Калајџиоски со четири погодоци.

Се вчитува...