Вардар прв успеа да го земе скалпот на шампиоот Баскет Кам, славејќи во дербито на петтото коло со 52-45, по што веќе нема непоразени екипи во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени. Творец на победата беше Јана Пислевска, која одигра одлично во последниот период, искреира недостижна позитива за Вардар, доволно за голем триумф по кој се изедначија со екипата од Македонска Каменица на делба на првата позиција на табелата со ефект (4-1).
Првото полувреме мина во израмнета борба, Баскет Кам имаше 13-14 на крајот од првата четвртина, а нна одмор се замина со водство на „вардарки“ од 27-25. Мечот беше израмнет до пет минути до крајот, кога по 40-40 токму младата Пислевска даде пет поени во низа, Вардар се одлепи резултатски и го трасираше патот до победата.
Пислевска заврши со 16 реализирани поени (имаше и три скока и една асистенција), а Митева додаде 10 поени (и по четири скока и асистенции) во победничката екипа.
Во поразената, Кметовска и Адамовска реализираа по 13 поени, искомбинираа и 22 скока (10 + 12), но без вистинска поддршка од помладите кошаркарки, и отсутната (поради повреда на скочниот зглоб), Димова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

