Вардар прв пристигна во Келн (видео)

Ракометарите на Вардар утрово пристигнаа во Германија и се сместија во хотелот во Келн, добро познат по ланското учество во фајналфор турнирот.

По летот до Дортмунд, „црвено-црните“ со автобус дојдоа до Келн, каде се прв од четирите тима што ќе бидат дел од ова Ф4 натпреварување. Раул Гонзалес и ракометарите ќе имаат доволно време за одмор и адаптација, утре ги очекува средба со новинарите, а веќе в сабота е првиот од двата предизвици пред актуелниот европски шампион, полуфиналниот дуел против Монпелје.

Според официјалните информации, втори во Келн ќе пристигнат токму ракометарите на Монпелје, чие доаѓање во градот-домаќин се очекува околу 18 часот.

Се вчитува...