Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона пуштени се во продажба дополнителни 500 билети, објави ракометниот првак на Македонија на официјалниот сајт на клубот.
Билетите се за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Цената изнесува 150 денари.
Натпреварот меѓу Вардар и Барселона е закажан на 11 ноември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА