Вардар, Работнички и Шкупи ги добиваат противниците за првите две квалификациски кола во Лига Европа

Вардар, Работнички и Шкупи денеска од 13 часот во Нион ќе ги добијат противниците за првите две квалификациски кола во Лигата на Европа.

„Вардарци“ се носители во првото коло, па по скратувањето на кругот за ждрепка од УЕФА добија полесени можни противници за стартот на европскиот пат. Најпознат е ерменскиот Пјуник, а како можни противници на Вардар се и молдавската Зариа, Колорин од Северна Ирска, потоа Дери сити од Република Ирска и победникот од претквалификациското коло меѓу Б63 Торшавн од Фарските острови и Сент Џозеф од Гибралтар…

Носител, согласно коефициентот, е и Работнички кој се најде во Групата 7 пред ждрепката. Можни противници на „романтичарите“ се унгарскиот ХонведМилсами Орхеи од Молдавија, Рудар Плевља од Црна Гора, Рига од Летонија и Балзан од Малта.

Шкотскиот Глазгов Ренџерс, пак, но и словенечки Домжале се најатрактивните можни противници на Шкупи. Чаирчани, како неносители, се во подргупата 2 пред ждрепката, а меѓу можните противници за Шкупи, покрај Домжале и Глазгов Ренџерс се и Габала од Азербејџан, Динамо Тбилиси од Грузија и кипарскиот Аполон Лимасол.

Првите натпревари од 1. квалификациско коло за ЛЕ се играат на 12. јули, а реваншите се на 19. јули.

Се вчитува...