Ракометниот клуб Вардар и десното крило Ален Ќосевски спогодбено го раскинување договорот, и играчот е веднаш слободен, објавија од редовите на „црвено-црните“.
Ќосевски е дете на Вардар, потекнува од младинскиот погон и од екипата на Вардар Јуниор, а од 2019 година е дел од првиот тим. Во црвено-црниот дрес тој помина повеќе сезони во кои прерасна од перспективен млад играч во стандарден член на тимот.
Во овој период Ќосевски беше дел од генерации кои испишуваа важни страници во историјата на Вардар, освојувајќи трофеи на домашната сцена.
„Вардар му се заблагодарува на Ален за сите години поминати во клубот, за професионалниот однос и за придонесот што го даде и на терен и во соблекувалната. Клубот му посакува многу здравје, среќа и успех во продолжението на неговата кариера“, стои во објавата на РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

